
Медис е водечко независно претпријатие за маркетинг и продажба на фармацевтски производи во Средна и Источна Европа. Овозможуваме на болните особи да им пружиме еднакви можности на лечење како што постојат на други места во Европа и во светот.
Претпријатие
Medis
Медис Македонија во Северна Македонија е единица во состав на матичната куќа Медис, која ја покрива средна и источна Европа.
Од основањето во 1989.год. Медис отвори свои претпријатија и претставништва во Австрија, Бугарија Босна и Херцеговина, Хрватска, Литва (од каде се покриваат Естонија и Латвија) ,Унгарија, Северна Македонија (од каде се покрива и Косово), Словачка (од каде се покрива Чешка) и Србија, ( од каде се покрива Црна Гора), а присутен е и во Албанија и Португалија.
Медис во Северна Македонија пласира бројни избрани високо квалитетни лекови, медицински средства и диететски производи од водечки светски производители, како и производи од сопствени брендови.
На партнерите од областа на фармацевтската индустрија Медис им нуди целокупна понуда на маркетиншки услуги, како што се истражување на пазарот, стратешко планирање, регистрација, набавка, промоција и продажба, како и складирање и дистрибуција.
Деловност, отвореност, внимателност и почитување спрема себе и другите се вредности кои нас не водат во работата и кои на сите нас заедно ни носат успех.

Здрави
вредности
Сите важни цели ги остваруваме како одлични господари и при тоа секогаш ги уважуваме вредностите на компанијата:
- Формираме екипа на талентирани вработени.
- Негуваме односи полни со почит, соработка и тимски дух.
- Во потполност се посветуваме на работата и страста и постигаме одлични резултати.
- Особено се грижиме за своите соработници и им обезбедуваме непроценливи услуги.
- Сакаме да ги усовршиме и надминиме очекувањата.
- Ги почитуваме своите партнери
- Негуваме позитивен однос спрема природата, како и деловната и локална околина.
Усогласена
работа
Се стремиме за прегледно работење со нашите соработници и партнери. Сваќаме дека стручното знаење, професионалноста а особено бескомпромисното придржување до законите и етичките начела на секој наш партнер се предуслов за успех.
Се придржуваме до законите на EFPIA i MedTech Europe Codes со што ги почитуваме и етичките насоки за маркетинг и пропишување на медицински производи како и етичките насоки за соработка со здравствените работници.
Сите компании во Медис ги почитуваат правилата за забрана за мито и корупција. Правилникот е вклучен во програмот за усовршување на вработените, а го добиваат сите вработени, вклучувајќи ги и новите вработени. Водството на компанијата непрестано се грижи да правилникот биде вклучен при работата и да се почитува.
Доколку имате прашања или поплаки од делот ускладеност на работењето, можете да ни испратите меил на compliance(at)medis.com.
Политика
на квалитет
Квалитетот е основно стратешко насочување на компанијата
Правилникот за квалитет значи обврска да:
- Непрестано ја подобруваме и ускладуваме влијанието на системот за управување со квалитетот
- Овозможуваме квалитетни услуги кои ги задоволуваат потребите и барањата на нарачателите.
- Највисок степен на креативност и квалитет, се грижиме за непрестан напредок на сите подрачја во својата работа
- Особено се грижиме за своите странки и секогаш се обидуваме да ги надминеме нивните очекувања
- Развиваме партнерска соработка со нашите добавувачи и пружители на услуги
- Делуваме во согласност со високите и етички стандарди и настојуваме да бидеме пример на вработените, партнерите, соработниците, како и во околината во која живееме и работиме
Основни
податоци
| |||||||
| |||||||
|