Задоволството во Медис останува на високо ниво

Необичната ситуација во 2020 продолжи и во 2021, која исто така ја одбележаа работата од дома, состаноците преку интернет и ограничените дружења. Но, луѓето се прилагодливи суштества: веќе се навикнавме на новите услови на работа и го задржавме нивото на задоволство на работа. Годината 2021 е во знакот на високото ниво на задоволство на работа, што повторно обезбеди рекорден просечен резултат – дури 6,00 на скалата од 1 до 7.

Малку статистика...

На анкетата се одзваа 309 вработени, што е 7% повеќе од минатата година. Тоа е одличен резултат, бидејќи секое мислење се вреднува. Анализиравме скоро 35.000 одговори, врз основа на кои ги подготвивме поединечните извештаи за директорите. Броевите во заградите означуваат споредливи податоци со 2020 година. Покрај вкупната оценка, исто така и поединечните одговори укажуваат на високо задоволство на работа, бидејќи делот на одговорите со оценки 5, 6 или 7 изнесуваше 78%, што е 1% повеќе од минатата година.

Од што се најзадоволни медисовците?

Генерално гледано, најголемото задоволство е во односот од непосредно претпоставените кон вработените, односот со колегите во секторот и од работната околина/ условите за работа. Оваа година, најголемиот пораст на нивото на задоволство е забележан во веќе споменатото подрачје на односот на претпоставените кон вработените, како и во подрачјето на односот на директорот на секторот и можностите за едукација. Тоа покажува дека односите и понатаму се битен аспект на задоволството од работата во Медис, а може да забележиме и дека оваа година имаше повеќе прилики за учествување на различни едукации.

Од друга страна, во однос на минатата година, најголемиот пад во задоволството е во делот на поволностите на работното место (годишни одмори, работното време...), работна средина/услови на работа и односите со колегите во тимовите. Како и да е, треба да имаме в предвид дека наведените области добија многу високи оценки минатата година и дека и покрај падот на нивото на задоволство во овие подрачја, оценката останува многу висока. Севкупно, најниското задоволство е, исто како и претходните години, во можноста за напредување и организација на компанијата.

Области на задоволство од работата

2021

2020

Односот на мојот непосреден претпоставен од мене

6,34

6,22

Односи со соработници во рамките на компанијата

6,30

6,40

Работна средина / услови за работа

6,20

6,32

Односот на директорот на секторот кон мене

6,19

6,09

Вид на работа што ја работам

6,19

6,17

Stopnja samostojnosti pri opravljanju dela

6,18

6,15

Степен на независност при вршење на работа

6,15

6,26

Степенот на моја одговорност при работа

6,08

6,05

Односи со соработници со кои работам во други сектори на компанијата

6,05

5,99

Лидерство

5,98

5,94

Чувство на самоуспех на работа

5,97

6,04

Можност за образование

5,95

5,85

Можност за личен и професионален развој

5,89

5,84

Статусот што го имам во компанијата

5,83

5,85

Благодарници и пофалби за достигнувањата

5,75

5,78

Организација на компанијата

5,54

5,53

Можност за напредување

5,39

5,43

Просечна

6,00

5,99

Во Медис остануваме посветени на работата...

Оваа година ја измеривме посветеноста кон работата на Медис вработените, за трет пат. Работниот ангажман може да се дефинира како високо ниво на енергија , посветеност кон работата, ентузијазам во работењето и вклученост во работните активности. Посветен вработен е исто така и попродуктивен, повеќе поврзан со компанијата, помалку под стрес и позадоволен со својот личен живот. За него, работата не претставува товар, туку нови предизвици. Просечната оценка за работен ангажман во Медис групата изнесува 5,90 поени (на скалата од 1 до 7), што е за 0,19 поени повисоко од минатата година.

Zadovoljstvo pri delu

...и би го препорачале Медис на други

Бидејќи добриот глас на компанијата се шири на далеку, бевме љубопитни колку вработени би ја препорачале Медис компанијата на други луѓе. Горди сме дека Медис индексот NPS (Net Promoter Score) е одличен +81 (+2 во споредба со минатата година)! Ова значи дека повеќето вработени, со задоволство би ја препорачале компанијата Медис на други луѓе.

поврзани вести