Ви ги објавуваме 9-тите International Medis Awards

Деветта година по ред, Меѓународниот научен комитет на International Medis Awards ќе додели награди за извонредни научни истражувачки достигнувања во медицината и фармацијата во Централна и Југоисточна Европа.

Во 2022 година, ги покануваме да учествуваат лекарите и фармацевтите од овие медицински области:

  • гастроентерологија
  • гинекологија
  • интензивна медицина cо анестезиологија
  • неврологија
  • офталмологија
  • педијатрија
  • пулмологија со алергологија
  • ревматологија
  • фармација
     

Услови за учество

Импакт Фактор: На конкурсот можете да учествувате со вашите научноистражувачки трудови кои сте ги презентирале со оригинална статија објавена во меѓународна научна публикација со фактор на влијание поголем од 1.500.
Временска рамка: Истражувачката работа мора да биде прифатена, презентирана или објавена помеѓу 1 септември 2021 и 31 октомври 2022 година.
Земји: Може да учествуваат истражувачи од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија
 

Меѓународен научен комитет

Доставените научно-истражувачки трудови ќе бидат оценети од независен меѓународен научен комитет кој ќе избере номинирани, финалисти и победници за секое медицинско поле. Во периодот 2021–2024 година, со Комитетот претседава проф. д-р Борут Штрукељ, м-р Фарм, од Катедрата за фармацевтска биологија, Фармацевтски факултет на Универзитетот во Љубљана.

Комитетот ќе избере двајца финалисти и еден победник од секое поле на истражување.

Награди

Победниците на конкурсот ќе бидат објавени на гала настан.

Победниците ќе добијат:

  • бронзена скулптура Иднина (The Future) и
  • финансиска поддршка од 2.500 евра во бруто износ, за понатамошни истражувачки трудови

Финалистите ќе добијат:

  • признание International Medis Awards
  • финансиска поддршка од 500 евра во бруто износ, за понатамошни истражувачки трудови
     

Рок за пријавување: 3. Ноември 2022      

Пријавите на англиски јазик испратете ги преку дигиталниот формулар на www.medis-awards.com, каде што исто така ќе ги најдете сите подетални информации за условите за учество на конкурсот.

поврзани вести