Со променет изглед срдечно кон иднината

директорката на Медис Др. Мартина Перхарич.

Во периодот од три децении многу работи се променија. Но нашите вредности останаа исти, здрави и срдечни. Не водеше нашето срце, кое со години стануваше се поголемо и посилно. Сето ова би сакале да го споделиме со Вас со цел заедно да продолжиме да ја пишуваме приказната за успех на полето на здравството и фармацијата. Со таа цел го променивме својот визуелен идентитет и спроведовме структурни промени кои нашата организација ги распореди во четири стратешки деловни единици.

Трансформацијата на графичкиот идентитет на нашата компанија оди рака под рака со нашата корпоративна стратегија за 2025 та година, според која и понатаму ќе ги зајакнуваме деловната активност, угледот на компанијата и поврзаноста со сите засегнати страни на доследен, ангажиран и одговорен начин.

Медис е сигурен и интересен партнер за светските производители на фармацевтски производи и е една од најголемите компании познати по извонредност во маркетинг на нови медицински производи и терапевтски можности во централна и источна Европа. Големите фармацевтски компании често ги губат од видик малите европски земји, а ние тоа го менуваме од самиот почеток«, изјави директорката на Медис Др. Мартина Перхарич.

изјави директорката на Медис Др. Мартина Перхарич.


Таму каде што е срцето, постои и начин

Покрај промените на графичкиот идентитет на компанијата, се менува и интерната организациона структура на Медис. Оваа година поставивме четири стратешки деловни единици кои со својата специјализирана ориентација и сигурни услуги значително ќе придонесат за понатамошниот раст на Медис на клучните деловни и тераписки подрачја.

Сакавме да го сочуваме она што е добро во постоечкото лого, да го модернизираме и да му дадеме поголема препознатливост, а истовремено да создадеме чувство на прецизност и јасност кои се многу важни во медицината и фармацијата. Симболот е всушност буквата М, претворена во срце или пеперутка. Се одлучив да го поедноставам овој мотив и да го направам поизразен. Да прејдам на главното: спасување на животи и грижата за здравјето и благосостојбата на луѓето се напори кои бараат многу сочувство и затоа срцето е најважниот дел. Доколку нема срце, нема ништо.

Душан Гробовшек, дизајнер на логото.

Корпоративна и друштвена одговорност се наши приоритети

Ние (во Медис) го сакаме она што го правиме и тоа го правиме со страст и упорност. Нашата работа ја работиме од срце. Ние сме голема компанија и имаме големо срце. Нашите вредности се здрави вредности-преданост, тимска работа, доверба и поддршка на сите корисници. Секојдневно се трудиме да го подобриме здравјето на луѓето давајќи им пристап на иновативните можности на лекување. Работиме транспарентно со сето срце во корист на пациентите, партнерите и целокупното друштво

додава директорката на Медис, Мартина Перхарич.

Похрабра организациона структура за деловна успешност

Покрај промените на графичкиот идентитет на компанијата, се менува и интерната организациона структура на Медис. Оваа година поставивме четири стратешки деловни единици кои со својата специјализирана ориентација и сигурни услуги значително ќе придонесат за понатамошниот раст на Медис на клучните деловни и тераписки подрачја.

  • Medis Therapeutics (иновативни и специјални лекови и лекови за ретки болести)
  • Medis Consumer Health (лекови без рецепт и други производи за здравје и добра општа состојба на организмот)
  • Medis Hospital Care (дијагностичка програма, лекови, потрошен материјал и опрема за болници и здравствени домови)
  • Medis Aesthetics (естетски медицински производи и решенија)


И покрај промените, нашите вредности и понатаму остануваат здрави вредности: посветеност, тимска работа, доверба и помош на пациентите. Секојдневно ќе се стремиме да го подобруваме Вашето здравје со пронаоѓање и обезбедување на иновативни можности на лекување на посветен и транспарентен начин.