Познати се финалистите од конкурсот International Medis Awards for Medical Research 2020!

Задоволство ни е да го објавиме изборот на финалистите на 7-от Меѓународен конкурс International Medis Awards for Medical Research. Оваа година стручното жири имаше особено тешка задача: помеѓу 222 труда од девет различни области од медицината и фармацијата, да ги одбере финалистите.

Од сите пристигнати научноистражувачки трудови на лекарите и фармацевтите, кои од секојдневната клиничка пракса најдобро ги познаваат своите пациенти и придонесуваат во иновативните и апликативни решенија од областа на брзата, сигурна и за пациентите прифатлива дијагностика и ефикасна терапија, независното меѓународно стручно жири под водство на признатиот словенски ревматолог Проф. Д-р Матија Томшич избраа 19 финалисти на овогодинешниот конкурс.

Финалисти на меѓународниот конкурс International Medis Awards 2020 се:

Интензивна нега и анестезиологија

  • Nermina Rizvanović (Босна и Херцеговина)
  • Marko Zdravković (Словенија)

Фармација:

  • Nenad Miljković (Србија)
  • Matej Štuhec (Словенија)

Гастроентерологија:

  • Georg Semmler (Австрија)
  • Rudolf E. Stauber (Австрија)

Гинекологија:

  • Martina Džoić Dominković (Босна и Херцеговина)
  • Michael Feichtinger (Австрија)
  • Igor Hudić (Босна и Херцеговина)

Неврологија:

  • Kaja Kolmančič (Словенија)
  • Tomaž Rus (Словенија)

Офталмологија:

  • Alenka Lavrič Groznik (Словенија)
  • Eszter Szalai (Унгарија)

Педијатрија:

  • Jasna Šuput Omladič (Словенија)
  • Saskia Wortmann (Австрија)

Пулмологија и алергологија:

  • Robab Breyer-Kohansal (Австрија)
  • Sylvia Hartl (Австрија)

Ревматологија:

  • Philipp Bosch (Австрија)
  • Rok Ješe (Словенија)

Посебни честитки упатуваме на сите финалисти на конкурсот International Medis Awards 2020! Повеќе за нивните достигнувања можете да прочитате овде.

Победниците ќе бидат прогласени на виртуелната свеченост International Medis Awards 2020, која ќе се одржи на 10 ти декември 2020, во 18.00 часот.

Екипата која го подготвуваше конкурсот, се заблагодарува на сите пријавени истражувачи на соработката и им честита на сите финалисти.

Related news