Познати се добитниците на годинешниот конкурс International Medis Awards


И годинава, стручната комисија додели награда во посебна категорија во којашто покрај стручноста се издвојуваше пред се грижата за најмилите. Наградата беше доделена на персоналот на Клиниката за женски болести и акушерство на Клиничкиот болничен центар Загреб, којшто на 22 март годинава за време на јакиот земјотрес со големи напори на сите лекари и медицински сестри и со несебична помош на доброволци успеале не само да ги преселат новороденчињата, исто така и прерано родените во инкубатори и нивните мајки, туку и соодветно се погрижија за нив. Со тоа персоналот покажа голем степен на стручност, знаење и организациски вештини, како и голема меѓу човечка солидарност.

Related news