Отворени се пријавите за конкурсот International Medis Awards 2020!

Na sliki finalisti in zmagovalci lanskoletnega natečaja International Medis Awards

Ве известуваме дека веќе седма година по ред ја отвараме вратата за извонредни истражувачки достигнувања во медицината и фармацијата преку конкурсот International Medis Awards.

Науката никогаш не спие, затоа и ние како и голем број доктори, не застанавме со работа, останавме посветени на науката и новите откритија. Свесни сме колку е важно континуирано да ја препознаваме и наградуваме извонредноста на нашите експерти. Дури и во овој непријатен период.

Од понеделник, 15. јуни 2020, до понеделник, 28. септември 2020, на International Medis Awards можат да се пријават истражувачи кои своите научно-истражувачки трудови во девет подрачја од медицината ги објавиле во меѓународни научни списанија од 1. септември 2019. до 31. август 2020. со импакт фактор (IF) поголем од 1,5.

Доктори и фармацевти од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Северна Македонија, Словенија и Србија можат своите трудови да ги пријават за конкурсот во следните медицински подрачја: фармација, гастроентерологија, гинекологија, интензивна нега и анестезиологија, неврологија, офталмологија, педијатрија, пулмологија и алергологија и ревматологија.

На минатогодинешниот конкурс за International Medis Awards, на кој беа пријавени 207 истражувачки трудови, меѓународното стручно жири под раководство на словенечкиот ревматолог проф. др. Матије Томшич, др. мед. чиј член беше и угледната доц. др, Емилија Цветковска, др. мед. раководител на одделението за епилепскија на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, за победник на конкурсот International Medis Awards во категоријата гинекологија ја прогласија др. Тања Николова, др. мед. од Скопје. Специјалистот по гинекологија и акушерство заедно со меѓународната екипа на соработници докажаа дека негативниот тест Parto Sure е сигурен показател дека во следните седум до четрнаесет денови нема да дојде до предвремено породување. Овие резултат ќе ги поштедат пациентките и новороденчињата од несаканите дејства на терапијата која се дава при ризик од предвремено породување.

Во текот на последните шест години Северна Македонија може да се пофали со една финалистка и дури три победници на конкурсот International Medis Awards!

Со оглед на тоа што признанијата за најдобро истражувачко достигнување во медицината и фармацијата во изминатите шест години станаа симбол за извонредност во здравството, ќе ни биде голема чест да ги поттикнеме докторите и фармацевтите кои покрај работата на клиниките исто така се посветуваат и на истражувања и иновации во дијагностиката и третманот да се пријават на International Medis Awards 2020.