Конечно заедно! Медис се пресели во глобалниот домен medis.com

Во текот на минатата година, сите ние доживеавме многу радикални промени. Можеби не беа сите пријатни, но поради нив станавме поприлагодливи, поодлучни и имаме повеќе разбирање.

Нашата компанија исто така се менува и развива, затоа сме среќни да Ве информираме дека во месец април се префрливме на глобалниот домен medis.com, во кој ги споивме сите наши филијали во 15 земји.

Промената се однесува и на адресите за е-пошта. Во април 2021 година сите ниe вработените во фармацевтската компанија Медис ги обединивме претходните електронски пораки во заеднички глобален домен @medis.com.

Во преодниот период до крајот на 2021 ва година, односно до понатамошното известување, постојните е-маил адреси ќе продолжат да функционираат непречено и ќе важат во сите официјални документи. Поради тоа не очекуваме никакви проблеми во комуникацијата.