Фанка Гилевска од Северна Македонија меѓу победниците на International Medis Awards for Medical Research 2021

Познати најдобрите достигнувања на лекарите и фармацевтите од деветте држави на Централна и Југоисточна Европа

Во документарната емисија „Моќтанадовербата“(„Moč zaupanja) денес ги прогласија деветтепобедницинаInternational Medis Awards for Medical Research 2021, коишто годинава доаѓат одпетдржави. Меѓу победниците е и претставничката од Северна Македонија, поточно Фанка Гилевкса, д-р мед., од клиниката „Систина Офталмологија“. Нејзиниот научно-истраувачки прилог беше одбран како најдобар во областа на офталмологија. Конкурсот веќе осма година по ред наградува извонредни истражувачки достигнувања на лекари и фармацевти од деветте држави на Централна и Југоисточна Европа.

Фанка Килевска, д-р мед., е првиот автор на оригиналниот научен труд со наслов: Are changes in visual acuity and astigmatism after corneal cross-linking (CXL) in keratoconus predictable? кој е објавен во научното списание Graefes Archive for Clinical and Experimental Ophthalmology.

При приемот на наградата таа кажа:

Толку сум среќна што сум дел од финалисите на наградите на МЕДИС па така сега работам уште повеќе и со поголема мотивација на својот втор труд. Овие награди ги чувствувам како силна поддршка истражувањата да се прават паралелно со клиничката работа и многу вредно признание за досегашната работа. Благодарна сум што работам во болница, во тим која е пријател на науката и ме поддржува еднакво во работата и истражувањата. Моето семејство ми е најаголема среќа и секојдневна инспирација.

Сите победници на International Medis Awards for Medical Research 2021 се (според областите):

  • гастроентерологија: Кристоф Грандер, Австрија             
  • гинекологија: Лука Рошкар, Словенија
  • интензивна медицина и анастезиологија: Марија Вукоја, Србија
  • неврологија: Александра Томиќ Пешиќ, Србија
  • офталмологија: Фанка Гилевска, Северна Македонија
  • педиатрија: Матеј Шапина, Хрватска
  • пулмологија и алергологија: Гордана Дрпа, Хрватска
  • ревматологија: Горица Ристиќ, Србија
  • фармација: Марин Јукиќ, Србија

Претседател на меѓународната стручна комисија проф. д-рБорут Штрукељ, м-р фарм., при прогласувањето на победниците кажа:

Во комисијата утврдивме дека пријавените прилози се извонредни научно-истражувачки дела со голем потенцијал за употреба во основната или клиничката медицина и фармација. Многу нè радува што примивме бројни пријави на кандидатите коишто своите констатации ги објавиле во врвните научни списанија со висок фактор на влијание, а некои нивни дела се објавени и во највисоко пласираните медицински публикации во светот. Довербата во науката никогаш не се ставала и не смее да се става под прашалник.

За наградите International Medis Awards for Medical Research 2021 можеа да аплицираат лекарите и фармацевтите коишто своите научно-истражувачки прилози ги објавиле во реноминираните научни публикации со фактор на влијание повисок од 1,500. На конкурсот годинава има пријавени 230 истражувачи од Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Северна Македонија, Словенија и Србија. Според високите критериуми за местото на номинација за International Medis Awards беа соодветни 180 пријави. Меѓународната стручна комиција ги оцени пријавите и одбра 19 финалисти, а меѓу нив девет победници.

Емисијата „Моќта на довербата“ („Moč zaupanja“) можете во целост да ја погледнете на линкот www.medis-awards.com/ima-2021/

поврзани вести