Најчести прашања

Општо околу изборот на кандидати

1. Како се спроведува постапката за избор на кандидати во Вашата компанија?

Постапката околу изборот на кандидати е поделена во повеќе фази. Во првата фаза ги собираме сите пријави. Во зависност од специфичните барања на работното место ги бираме адекватните кандидати, а после тоа им испраќаме додатни стандардни прашалници. Во следната фаза одбраните кандидати ги повикуваме на прв разговор каде што после тоа следат додатни разговори со најдобрите кандидати. Сите работни места бараат повеќе разговори во зависност од сложеноста на работното место. Сите финалисти мораат да го поминат основниот психолошки тест. При секоја фаза на избор на кандидати се известуваат за следната фаза.

2. Колку долго обично траат постапките за избор на кандидат за слободно работно место?

Постапката при изборот на кандидат трае приближно еден и пол месец од почетокот (објавување на оглас за работно место) до крај на постапката (избор и потврда на избраниот кандидат).

3. Дали може да се пријавам на работно место кое не е во државата во која живеам?

Да, ако работното место е меѓународно и ако во огласот за работно место е потенцирано дека локацијата не е важна. Во спротивно можете да се пријавите ако сте спремни да се преселите. Водете сметка за тоа да стручните советници и стручните соработници за работа на терен ги запослуваме локално и поради тоа во таков случај локацијата е критериум од избор.

4. Што можам да направам ако нема слободни работни места кои би ми одговарале, а сепак би сакал/сакала да испратам пријава за вработување?

Својата пријава за вработување можете да ни ја испратите преку посебен формулар кој можете да го најдете на порталот на за вработување (под сите слободни работни места). Вашата пријава ќе ја прегледаме и ќе оцениме дали би можеле да се вклучите во нашата компанија. Ако ни се чини дека сте вистинскиот кандидат, ќе ве повикаме на разговор.

5. Со големо задоволство би се вработил/вработила во Вашата компанија, но го немам потребното работно искуство. Како би можел да се вклучам?

Ве советуваме да редовно ги пратите барањата за слободни работни места и потребни квалификации. Во зависност од слободните работни места од вас очекуваме некое стручно знаење, но своето искуство би можеле да го надоградите преку студентска работа, работа преку студентски организации, работа преку невладини организации , приправништво или било која проектна работа. Се смета секое искуство!

Пријава на слободно работно место

6. Што ќе се случи кога ќе испратам пријава? Кога би можел да очекувам одговор?

Кога ќе испратите пријава ќе добиете e-mail со потврда за испратен мејл. Вашата пријава ќе ја разгледаме и ќе ве известиме дали сте адекватен кандидат за следна фаза од постапката при изборот. Ако сте ќе добиете стандардни прашалници, а ако не сте ќе ве известиме во врска со тоа.

7. Дали после пријава преку интернет морам да ве побарам со цел да проверам дали пријавата е успешно испратена?

Дополнително телефонирање не е потребно. Ако пријава е успешно испратена ќе добиете e-mail со потврда за испратена пријава. Ако не го добиете, можете да пробате повторно да испратите пријава или да ни пишете e-mail на веб адресата career(at)medis.com.

8. Што можам да направам ако не пронајдам вистинска индустриска гранка или работно искуство каде што морам да го означам своето работно искуство?

Обидете се да го дефинирате своето работно искуство со оглед на понудените индустриски гранки или работно место (барем врз основните карактеристики). Земете во предвид дека останатите индустриски гранки ( освен фармацевтска, здравствена, производи за широка потрошувачка...) се сместени во »други индустрии«. Ако навистина имате работно искуство кое што не можете да го сместите во ниту една од категориите, под тој дел имате дополнителна можност да го запишете своето најрелевантно искуство.

9. Дали со пријавата може да додадам повеќе од еден документ?

Покрај својата биографија можете да додадете уште една датотека по свој избор (на пр. мотивационо писмо, дополнителна потврда за образование). Мораме да нагласиме дека тие датотеки не се задолжителни. Ако сакате да испратите повеќе датотеки, здружете ги во една датотека.

10. Кој формат на датотеки може да ги испратам при пријава?

Може да испратите датотеки со следен формат .doc, .docx i .pdf. Сите други видови на формати нема да бидат електронски пренесени.

11. Што можам да направам ако порталот односно интернет страницата има некоја грешка?

Обидете се да ја затворите страницата и повторно да ја вклучите. Ако и тоа не функционира ве молиме да ни испратите снимка од екранот со известување за грешката на следниот career(at)medis.com. Така ќе можеме да ја поправиме грешката и да понудиме подобро корисничко искуство. Ако се случи таква грешка, секако дека можете да се пријавите на горенаведениот e-mail.

Стипендии

12. За кое подрачје во образованието компанијата нуди стипендија и колку стипендии?

Понудуваме стипендии за фармација, медицина, економија и информатика. Бројот на стипендии зависи од потребата на вработените во нашата компанија, но и од квалитетот на примените пријави.

13. Кога се распишуваат стипендиите? Дали ги распишувате повеќе пати годишно?

Стипендии за фармација се распишуваат еднаш годишно (обично во мај или јуни). Стипендии за останатите области се распишуваат секоја година во зависност од потребите. Покрај на нашата веб страна, конкурсите за стипендии ги објавуваме и на факултетите кои одговараат според образованието.

14. Во која година на студии можам да се пријавам на конкурсот за стипендија?

На конкурсот може да се пријавите после втората година на студии.

15. Какви се критериумите за добивање стипендија?

Има повеќе критериуми за избор. Меѓу пријавените ги бираме најдобрите студенти со оглед на нивната мотивација, заинтересираност и активности кои се бават покрај студиите и ги повикуваме на разговор. На тој разговор не очекуваме релевантно работно искуство поради што ни е јасно дека сеуште студирате. На разговорите и психолошките тестирања го оценуваме потенцијалот на кандидатот, самосталност, однесување и организациони способности, а секако и нивните вредности и подготвеноста за учење на нови работи.

16. Какви се обврските на стипендистот и кога после завршување на студиите можам да очекувам одговор (на прашањето дали сум избран како стипендист)?

Кога ќе станете наш стипендист, Ви понудуваме и очекуваме да во тек на летото најмалку две недели извршувате студентска работа и тоа на различни подрачја. Ако сте спремни, можете да учествувате во различни актуелни проекти, зависно од вашата иницијатива и нашите моментални потреби. После завршување на студиите најверојатно е дека ќе ве вработиме како приправници(во зависност од нашите моментални потреби и можности). Во зависност од бројот на години за кои добивате стипендија, ваша обврска е да работите во нашата компанија исти број на години( на пр. ако сте добивале стипендија две години, од Вас очекуваме и Ви понудуваме да работите најмалку две години).

Студентска работа

17. Дали вработувате студенти?

Да. Кога ќе се појави привремена работа, објавуваме оглас за студентска работа на студентските сервиси. За работа преку лето приоритетни се нашите стипендисти, а потоа следат членовите од семејството на нашите вработени. Ако остане некоја дополнителна работа, може да се придружат и други студенти. За сите останати потреби следете ги огласите во студентските сервиси.

18. Кој вид на студентска работа можам да ги работам во Вашата компанија?

Понудуваме различни видови на работа, а тоа зависи од потребите. Обично ни е потребна поддршка кај маркетиншките и физичките работи. Летната студентска работа обично трае кратко, најмногу е физичка работа со малку основна административна работа.

19. Дали постои можност за вработување после студентска работа?

Да, ги цениме студентите кои се заинтересирани и прилагодливи на различни подрачја. Студенти кои покажуваат потенцијал и се докажат дека се драгоцен дел од нашата екипа  секогаш ги препознаваме и после завршување на студиите ги вработуваме. Не го потенцираме вработувањето пред завршување на студиите поради што сметаме дека образованието е еднакво важно како работно искуство.

Придружете
ни се

Проверете слободни работни места и пријавете се на конкурс.


Слободни работни места