Како
вработуваме

Во селекционата постапка сме многу внимателни поради што секогаш ги бараме најадекватните кандидати за работното место но и за екипата во која ќе се придружи. При разговорот дури наоѓаме и некое ново подрачје кое за кандидатот е поинтересно и како создадено за него па затоа при одбирање на кандидатите секогаш сме флексибилни

Од новите вработени очекуваме да при остварување на целите бидат восхитени како што сме и ние. Ги бараме различните, трпеливи, целно насочени и амбициозни особи кои се со желба за ново знаење и кои се спремни да вложат во тоа.

Кого
вработуваме

Продукт менаџери

Продукт менаџери (раководител на брендот и специјалисти за тераписката област) задолжени за истражување на нови иновативни производи за нивно лансирање на пазарот. Често имаат прилика да претстават на јавноста сосема нови производи кои пазарот сеуште не ги препознава па затоа нивната работа е многу интересна, разнолика и бара голема заложба. Најпрво мораат добро да го запознаат производот, да установат како и каде лекарот најдобро ќе ги применува и што е најдобро за пациентот. Сето тоа знаење го прене суваат на здравтвените работници преку стручните соработници, а широката јавност ја информираат преку реклами, организирање на настани, конгреси и работилници.

Стручни соработници

Стручните соработници и комерцијалните соработници на терен се среќаваат со лекари и други здравствени особи на кого ги претставуваат Медисовите производи и предности на тие производи за болните особи. И таа работа бара стручна заложба поради што стручните соработници мораат добро да ги познаваат лековите и другите производи, а истовремено секој ден да имаат можност да се состануваат со стручњаци од различни области при што се овозможува секојдневна динамика, а на стручњаците им се нуди можност да научат нешто ново.

Регулатива и фармаковигиланца

Стручњаците, пред се со фармацевтско образование кои подобро се чувствуваат кога работат во канцеларија за разлика од терен и се исклучитечно прецизни се особи кои се неопходни за во Регулатива. Ја припремаат и прегледуваат документацијата потребна за регистрација на лекови и медицински средства, ги следат клиничките испитувања и ги запишуваат несаканите дејства на лековите.

Веледрогерија

Во овој сектор се обезбедува да се што се однесува на испорака, набавка, сладирање и транспорт на Медисовите производи се одвива како што треба. Вработените се со економско и комерцијално образование и работат како продажни, набавни и извозни референти. Како екипа мораат да работат во согласност со своите менаџери и вработените во регулатива да можат ефикасно да управуваат со залихите и да се грижат за соодветен транспорт ми складирање на ќувствителните лекови.

Маректинг комуникација

Во оваа служба се создава Медисовиот промотивен материјал 9огласи, проспекти, летоци, интернет страни, апликации...). Вработените се со различно образование, од графички дизајнери до комуниколози кои имаат можност да ја изразат својата креативност и да ги покажат организационите способности. Службата се грижи за организирање на настани (како што се лансирање на нови производи, пикници, новогодишни забави за вработени и странки) како и редакција за интерно списание Прелет.

Информатика

Во служба на информатичка технологија е запослена група на стручњаци од информатичко подрачје. Се грижат за Медисовиот работно-информатички систем како и за компјутерска и техничка опрема на компанијата. Битен дел од нивната работа е и планирање на развојот на информатички систем односно барање на програмски решенија кој ќе можат да го пратат современото темпо за работа и потребата за преглед на податоци.

Финансии и сметководство

Финансиско-сметководствен сектор е се грижи за финансиското работење. На типичните работни места како што се се раководител на сектор, сметководител, референт за платен промет, планер аналитичар и други воглавно се со економско образование, но има и други профили.

Кадровска служба

Одделението за човечки ресиурси се грижат за луѓето и нивниот развој. Со раководствотро на компанијата соработуваат и во формирање на карактеристики кои стимулираат иновативност како и препознавање на талент. Тоа е прва контакнта точка за кандидатите за работа. Исто така пружаат помош на вработените во врска со стручното усовршување, индивидуален и професионален развој, создавање на позитивна атмосфера во компанијата и различни други административни детали.

За Медис не е важно само што се работи туку и како се работи. Свесни сме до соочувањето со сложените здравствени предизвици бара потполн и одговорен пристап. Не стимулира задоволството кога работата ќе ја завршиме над очекувањата.

Марцела Ајдишек

стручен соработник